„Благодарам од цело срце на Македонија“ - Бабунски го искажа задоволството по мечот со Бугарија
Младиот фудбалер Давид Бабунски не го криеше своето огромно задоволство од реагирањето на публиката по неговото влегување во игра во вториот дел на мечот со Бугарија. Имено одличната игра на Бабунски веднаш беше препознаена од публиката која го скандинираше неговото име. Самиот Бабунски на својот ФБ профил напиша:
-Немам зборови да го опишам ова чувство. Благодарам од цело срце на Македонија. Никогаш нема да го заборавам овој ден.
Овие три реченици Давид ги напиша на македонски шпански и англиски.Ние се надеваме дека во иднина Давид Бабунски ќе реди победи со Македонија и ќе пишува уште многу вакви статуси.
15:42