На 37 степени немаат ни капка вода - цел Штип денеска во неволја

Половина Штип денеска беше без вода, а другата половина беше со намален притисок во водоводната мрежа поради дефект на главната водоводна линија, пишува Нова Македонија.

Жителите на неколку штипски населби, лоцирани главно во повисоки градски зони, денеска ги преживуваат пеколните 37 степени без капка вода.

- Без вода сме од утринава. Планирав да ѕидам потпорен столб во дворот, го пазарев и мајсторот, ама без вода ништо нема да биде,  изјавил за Нова Македонија,  Стојан Јовев, жител на населбата Дузлачки Рид.

Од „Исар“ го лозирале дефектот но, неговата санација не одела лесно. Затоа, водоснабдувањето било пренасочено преку алтернативните водоводни мрежи, што донело проблеми со притисокот на водата во целиот град.

-Наши екипи  интензивно работат на санирање на дефектот и се надевам дека до вечер состојбата ќе ја ублажиме, но проблемот со нискиот притисок и понатаму ќе остане. намера ни е барем да обезбедиме каков таков дотур на вода, а убеден сум дека до раните утрински часови се ќе биде во ред, рекол за Нова Македонија директорот  на ЈП „Исар“ – Штип, Никола Мицевски.

Проблемите со водоснабдувањето во Штип, ја зголемиле продажбата на флаширана вода, пренесува весникот.

најчитано сега