Мукоски до СДСМ: Малку ли ја уништувавте Македонија, сега сакате да ја докрајчите
Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, денес од Собранието на Република Македонија порача до колегите од СДСМ да престанат да зборуваат за одговорност бидејќи тие се оние кои што во минатото ги распродаваа државните интереси, а денес сакаат таа работа да ја довршат.
-
Дали сте свесни дека со прифаќањето на Тиранската платформа прифативте два јазика, две писма, дебата за промена на знамето, химната и грбот, па што ви смета во државните симболи! Вие ли ќе зборувате за одговорност кога сакате и она што досега не успеавте да го распродадете, сега да го продадете, рече Мукоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа