Тежок инцидент во Тетово: Прекинат мечот Шкендија – Вардар
Прекинат е реваншот од полуфиналето на Купот на Македонија меѓу фудбалските екипи на Шкендија и Вардар откако домашните навивачи “Балисти” влегоа во теренот.
Атмосферата зовре кога судијата Ставрев им подели црвени картони на двајцата капитени Хасани и Грнчаров поради недолично однесување по што Балистите влегоа на терен.
Во текот на целиот неч навивачите од Тетово пееа песни со навредлива содржина на национална основа. Се уште не се знае дали мелот ќе се доигра. Шкендија има предност од 3:1 по првиот меч во Скопје.
19.04.2017 - 16:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа