Бугарија: Играјќи закопале живо дете на плажа

 

Хорор настан ја потресе цела Бугарија откако синоќа околу 20 часот во болницата во Бургас е донесено полумртво дете на возраст од 12 години, кое било живо закопано на плажа, јавуваат бугарските медиуми.

Се работи за 12-годишно момче со потекло од Русија, Олег Николаевич, кое било на летување во Меѓународниот младински камп во Приморско, а било закопано со песок на длабочина од 3- 4 метри. Навидум невината детска игра на плажа му го загрозила животот на ова детенце.

За случајот е известен и рускиот конзул во Бугарија и направена е специјална процедура на итно издавање на визи за неговите родители да допатуваат во Бугарија за да бидат покрај него.

 

14:14

најчитано сега