Судиите го однесоа Реал во полуфинале (ФОТО+ВИДЕО)

 

Реал Mадрид и Атлетико Mадрид се првите полуфиналисти во фудбалската Лига на шампиони. Атлетико на гости ремизираше со Лестер 1:1, додека Реал во контроверзен меч и со судиска помош по продолжение славеше против Баерн Минхен со 4:2.

Иако резултатот на крајот изнесува убедливи 4:2, сепак германскиот тим значително беше оштетен со катастрофални судиски грешки, кои директно влијаеја на самиот резултат. По 90 минути игра, Баерн имаше водство од 2:1, што значеше продолженија.

Резултатот беше отворен во 53-тата минута, откако Касемиро во казнениот простор го сруши Арјен Робен, а Левандовски беше сигурен изведувач. Во 76-тата минута Роналдо израмни на 1:1 со одличен удар со глава, а само две минути подоцна Серхио Рамос си постигна автогол и мечот отиде во продолженија.

fyufmthgfhghgj by sports-live1

Првата голема судиска грешка се случи во 84-тата минута, кога главниот судија неоправдано му покажа втор жолт картон на Артуро Видал, иако Чилеанецот стартуваше на топка. Само неколку минути претходно, главниот судија му прогледа низ прсти на Касемиро, кој веќе имаше жолт картон, и реши да не го исклучи играчот на Реал и покрај грубиот старт на Робен.

vidal

Баерн во продолженија влезе ослабен, со играч помалку, но Германците добро се држеа се до финишот на првото продолжение. Тогаш, во 104-тата минута судиите направија уште една кардинална грешка и му го подарија одлучувачкиот гол на Реал. Несфатливо, судиите не го видоа длабокиот офсајд во кој се наоѓаше Роналдо и го признаа нерегуларниот гол, кој беше вовед во целосниот распад на Баерн.

ofsajd by goloviliga

До крајот ан мечот, Реал со уште еден погодок на Роналдо, исто така од сомнителна ситуација и одличен гол на Асенсио славеше со 4:2.

 

 

 

18.04.2017 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега