Снема струја и пролонгиран е стартот на БИБЛ-финалето во Куманово
Реванш дуелот од финалето во БИБЛ лигата помеѓу Куманово и Берое ќе доцни, бидејќи снема електрична енергија во салата во Куманово.
Имено, при почетокот на интонирање на химната на Бугарија во еден момент завладеа мрак, откако се угаснаа рефлекторите, а исто така надвор од функција се и другите електрични уреди.
Играчите и на двете екипи и понатаму се на теренот и се загреваат, користејќи ја малата дневна светлина, која влегува преку прозорците.
18.04.2017 - 19:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа