Берлускони со емотивно писмо се прости од Милан
Селвио Берлускони од денес и официјално повеќе не е сопственик и претседател на фудбалскиот клуб Милан!
Берлускони 31 години беше на челот на Милан и под негово водство италијанскиот клуб стана еден од најголемите и најтрофејните клубови во светот, а Силвио најтрофеен претседател во историјата на фудбалот со освоени 30 официјални трофеи.
Денес Берлускони го продаде клубот на кинески конзорциум на чие чело стои кинескиот милијардер Јангхонг Ли и ја одби понудата да остане во клубот како почесен претседател.
Берлускони важи за човек кој направи револуција во фудбалот, особено италијанскиот, го однесе Милан пет пати на врвот на Европа и светот, а денес со емотивно писмо се збогува од „своето милениче“.
-Денес после повеќе од 30 години го отстапувам претседателското место на Милан. Никогаш нема да ги заборавам емоциите кои што Милан ми ги подари мене и на сите нас. Никогаш нема да ги заборавам сите луѓе со кои имав можност да работам и со чија помош овој клуб освои многу трофеи. Пред се големите тренери и големите шампиони кои што го направија овој клуб трофеен и уникатен и кој ќе останат засекогаш во историјата. Да ги набројувам еден по еден е невозможно, една голема прегратка до сите вас.
-Голема прегратка и до сите фукционери, административци и сите луѓе кои работеа во Милан и кој направија од Милан клуб модел за целиот свет. Меѓу нив, пред сите Адриано Галиани кој сите овие години беше конструктор и мотор на клубот.
-Особено сакам да се заблагодарам од срце до сите фанови и милиони луѓе вљубени во Милан, до сите оние кои доаѓаа на стадионот да го бодрат тимот и оние кои физички беа далеку, но го носат Милан во своето срце. На сите нив сакам да им кажам дека ќе останам засекогаш прв навивач на Милан, клубот во кој се вљубив како дете. На новите сопственици им посакувам да го продолжат патот и да остварат уште поголеми успеси од оние кои што ги остваривме ние сите заедно во изминатите 30 години…, стои во писмото на Берлускони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа