Заев се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

На средбата, како што информира СДСМ, е констатирано дека е неопходно стабилизирање на државата преку продолжување на демократските процеси во Македонија. На средбата, како што се наведува во соопштението, е оценето дека е потребно да се покаже зрелост за државните интереси на Македонија, а тоа се реформските процеси за квалитетен живот на сите граѓани и евроатлантски перспективи на Република Македонија. 

- Постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто е единствениот валиден документ за граѓаните и којашто гарантира просперитет за сите луѓе во Македонија и за државата. Следува формирање нова реформска Влада, воспоставување правна држава и независни институции, истакнал Заев на средбата со францускиот амбасадор Тимоние. 

 

 

 

12.04.2017 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега