Маја Парнарџиева Змејкова се враќа на директорското место во Фондот за здравство
Маја Парнарџиева Змејкова се враќа на директорското место во Фондот за здравствено осигурување, јавува Здравство24. Според информации на порталот таа на оваа функција била назначена на синоќешната владина седница. М-р Парнарџиева Змејова со здравствената каса ќе почне да раководи најверојатно од понеделник. Таа по нејзино барање поради породилно отсуство беше разрешена пред околу 9 месеци. На нејзино место овој период со Фондот раководеше Јован Грповски кој дојде од кабинетот на министерот за здравство. По заминувањето на Парнарџиева Змејкова од ФЗОМ имаше шпекулации дека после породилното ќе работи на Економскиот факултет. Инаку во периодот додека таа беше директор на Фондот успеа да воспостави добра соработка речиси со сите здруженија на пациенти, а во нејзино време оваа институција спроведе и крупни реформи.