Милишоски до СДСМ: Не ни помислувајте да креирате инциденти во Собранието

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ до пратениците колеги од СДСМ посочи да не помислуваат да креираат инциденти во Собранието знаејќи дека и онака атмосферата во салата е тензична.

- Нека не ве лаже паметот да правите чекори кои што ќе ги зголемат тензиите во Собранието, рече Милошоски.

Милошоски исто така нагласи дека освен Движењето Беса која што има регистрирано пратеничка група, моментално ниту една партија нема поднесено барање за формирање пратенички групи и оттука како што може СДСМ да бара цело време процедурални забелешки за една иста тема така можат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

05.04.2017 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега