Нацева распали по екс селекторот: Македонија беше експеримент на Червар

 

Извештајот за настап на Светското првенство (СП) во Франција на машката ракометна селекција на денешниот Управен одбор предизвика жестока дебата помеѓу претставниците на двата најдобри машки клуба, Вардар и Металург. Гордана Нацева од Вардар во дискусија за извештајот даде забелешка за играта 7 на 6 на веќе поранешниот селектор Лино Червар.

„Јас имам високо мислење за Червар, тој е еден од најдобрите тренери во Европа, но не можам да разберам како може базична да биде играта 7 на 6. Тоа е доста дискутабилно, на последните состаноци во ЕХФ веќе сериозно се размислува да се ревидира ова правило, бидејќи е донесено без одобрение од големите клубови. Во извештајот тука два збора ми се клучни, а тоа е дека експериментот на Червар е неуспешен, а исто така пропадна и стратегијата за Токио 2020 година“, изјави Нацева.

 

На ова веднаш реагираше претседателот на Металург, Зоран Цветановски кој застана во одбрана на Червар.

„Тој човек уште работи во Металург и е дел од македонскиот ракомет. Тоа е негов концепт и иновација за која што не може да спориме. Металург всушност е екипата која дава 70 до 80 % од играчите кои ќе настапат за селекцијата во квалификациите. Мислам дека ова се прегруби зборови за Червар“, изјави Цветановски.

Официцијално само половина година траеше мандатот на Червар во македонската репрезентација, а со Металург ќе остане најмалку до крајот на оваа сезона.

 

 

 

31.03.2017 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега