МВР отвори истрага за евентуално три наместени натпревари

 

Инспектори од Министерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со одделот за интегритет и безбедност во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвори истрага за евентуално наместени три натпревари одиграни во пролетниот дел од Македонската фудбалска лига.

До одделот за интегритет во ФФМ преку телефонската линија за пријавување неправилности на фудбалските натпревари 0800-15-800 прифатена е дојава за недозволено влијание и нерегуларности на три натпревари од МФЛ.

- Одделот за интегритет во рамки на ФФМ одлучи случајот да го предаде на полицијата од која ќе бара истрага. Органите и телата при ФФМ ќе спроведат истрага, веќе формираа предмети во насока на утврдување на вистината и регуларноста на исходот на натпреварите кои сега се предмет и на МВР, изјави Роберт Марковиќ, раководител на одделот за интегритет и безбедност во ФФМ.

 

 

 

31.03.2017 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега