Меси „заработи“ суспендирање поради пцуење на судијата

 

Најдобриот аргентински фудбалер мора да паузира 4 натпревари во квалификацијата за Светското првенство 2018 година.

Дисциплонската комисија на Светската фудбалска асоцијација го казни капитенот на аргентинската репрезентација со 4 натпревари суспензија, поради пцуење на помошник судијата за време на натпреварот со Чиле, минатиот петок.

Ова практично значи дека, еден од најдобрите играчи во светот, ќе може да игра дури во последното коло на јужноамерикански квалификации, а исто така следува и парична казна за фудбалерот.

 

 

 

29.03.2017 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега