Македонија ја победи Белорусија- Горан Пандев двоен стрелец
Македонската фудбалска репрезентација славеше победа од 3-0 против Белорусија во пријателски натпревар одигран вечерва на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Нашите фудбалери по подолго време врзаа две победи по ред, откако во петокот славеа и на гостувањето кај Лихтенштајн во рамки на мундијалските квалификации. Горан Пандев блескаше со два гола во второто полувреме, а резултатот го отвори Стефан Спировски во 40-тата минута за кого ова беше дебитантски погодок во националниот дрес.
Пандев зголеми на 2-0 во 61-та минута по одличната асистенција на Иван Тричковски. Само осум минути подоцна Пандев погоди со глава за 3-0 по одличната акција која сам ја почна и ја продолжи Езџјан Алијоски, кој и асистираше на голот.
На овој натпревар во репрезентацијата дебитираа двајца млади фудбалери Кристијан Тошевски и Дарко Чурлинов, кој стана и најмладиот во историјата на македонскиот фудбал со само 16 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа