Милошоски: Претседателот на Собранието да ги осуди туѓите платформи

Според волјата на народотот и согласно парламентарната демократија, кандидат за Претседател и Претседател на Собранието на Република Македонија треба да биде од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како почитување на изборната волја на граѓаните, порака на денешната Собраниска седница Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека во парламентарните демократии традиција е Претседателот на Собранието да доаѓа од победничката пратеничка група, повторувајќи дека победник на изборите беше ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

-Претседателот на Собранието, треба да го претставува победникот, а владата е извршна власт која може да биде состав и на други политички партии, истакна Милошоски.

Според него, Комисијата за избори и именување треба да ги има предвид, не само политичките, туку и моралните и етичките квалитетите на тој што ќе го предложи за кандидат за Претседател на Собранието.

-Комисијата не треба да дозволи аболицирани криминалци да бидат кандидати за Претседател на Собранието. Без разлика што аболицијата покрива одреден криминал, тоа не е етички, ниту е согласно нашата етичка и политичка култура, да имаме такви лличности како кандидати за Претседател на Собранеието, потенцира Милошоски.

Подвлече дека Претседателот треба да ги отфрли и да ги осуди туѓите платформи, за кои како што рече, се за туѓи интереси, бидејќи, според него, тие само ја зголемуваат тензијата и разединетоста во Македонија.

– Сметам дека секој еден кој што себеси се смета за потенцијален кандидат за Претседател на Собранието треба да биде подготвен претходно да даде една јасна и недвосмислена изјава за отфрлање и осуда на сите туѓи платформи, без разлика дали се направени во Тирана за Македонија, без разлика дали утре ќе имаме платформи во Москва за Естонија, без разлика дали утре ќе имаме платформа во Белград за Црна Гора или за Босна и Херцеговина или за Косово, истакна Милошоски.

 

 

 

27.03.2017 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега