Во Македонија “врие“ Турци и Грци - Скопје најатрактивна дестинација за туристите

 

Најбројни туристи во Македонија се Турците. Според податоците на Државниот завод во месец јуни во Македонија имало вкупно 9.534 турски туристи. Веднаш по нив следат туристите од Грција, Србија и Холандија. Од туристичките дестинации во земјава, Скопје е најпосетено.

-Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2013 година изнесува 67 822, а бројот на ноќевањата изнесува 168 412. Бројот на туристите во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, е зголемен за 7.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.1%. Бројот на домашните туристи во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, е намален за 7.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, е намален за 9.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12.5%. Во периодот јануари-јуни 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.6%, а кај странските има зголемување за 11.7%. Во периодот јануари-јуни 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.3% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.2%, а кај странските има зголемување за 10.5%, стои во соопштението од Државниот завод за статистика.

најчитано сега