Седум нови тендери за продажба на државни акции во Грција
Денеска грчкиот весник „Нафтемборики“ објави дека грчката Агенција за приватизација следниот месец ќе распише седум нови тендери за продажба на државни акции.
Се очекува да бидат продадени пристаништата во Патра и во Солун, а подоцна ќе бидат објавени тендери и за продажба на десет регионални пристаништа, водостопанството ЕВДАП и железничкиот оператор ТРЕНОСЕ.
Грција во согласност со договорот со меѓународните кредитори треба да собере 2,5 милијарди евра од продажба на државните акции до крајот на година.
ФОТО: Лидер.мк
13:17