УЕФА пресуди: Барселона парично казнета поради лошото однесување на играчите и навивачите против ПСЖ

 

Дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука за казна на шпанскиот фудбалски тим Барселона. Причината за која е казнет каталонскиот гигант е однесувањето на играчите и навивачите во текот и по натпреварот од ЛШ против ПСЖ.

Казната е во вредност од 19 илјади евра. Во записникот за казна наведено е влегувањето на навивачите на теренот по натпреварот и поради заработените 5 жолти картони и непримерното однесување од страна на играчите на Барселона.

Поркај Барселона, УЕФА ги казни Наполи со 38 илјади евра поради своите навивачи и Ростов со 16 илјади евра исто така поради навивачите.

Максимална казна од 50 илјади евра заработи Сент Етјен поради непримерното однесување на навивачите.

 

 

 

 

24.03.2017 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега