Фрчкоски: Локалните избори ќе се одложат за да не се гласа против СДСМ

СДСМ не планира да се откаже од спроведувањето и поддршката за тиранската платформа, и затоа ќе се обиде да ги одложи локалните избори. Идеологот на СДСМ, Љубомир Фрчковски, во интервју за 24 вести вели дека доколку сега би имало избори, СДСМ ќе доживее пораз поради поддршката на платформата.

Ставот на Фрчковски е уште една потврда дека СДСМ нема намера да се откаже од албанската платформа – услов што го постави претседателот Иванов за добивање на мандатот, а како опција го понуди и ВМРО-ДПМЕ која во тој случај ќе даде поддршка на малцинска влада на СДСМ.

Професорката по уставно право Гордана Силјановска, оценува дека албанската платформа во многу елементи е неуставна, и води кон бинационалност, што само би ја продлабочило кризата во Македонија.

Албанската платформа, која беше презентирана на Божиќ, а потпишана од лидерите на албанските партии од Македонија, заедно со албанскиот премиер Еди Рама. Со неа се предвидува воведување на албанскиот како втор официјален јазик на ниво на целата држава, а предвидува и дебата за националните обележја, како што се химната, знамето и грбот. Предвидено е Албанците да се вклучат и во преговорите за името со Грција и за идентитетот со Бугарија, а и да се изгласа Резолуција во Парламентот за осуда на наводниот геноцид што бил направен над Албанците во Македонија.

 

 

 

23.03.2017 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега