По 3 месеци пауза во понеделник продолжува конститутивната седница на Собранието

Конститутивната седница ќе продолжи во понеделник, претседателот на Комисијата за избори и именувања ќе биде Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Координаторите на пратеничките групи во Собранието конечно се договорија.

Комисијата за избори и именувања треба да добие зелено светло од пратениците на седницата во понеделник. Потоа, нејзините членови треба да ги достават своите предлози за нов собраниски спикер. Во понеделник најверојатно нема да биде избран новиот собраниски претседател бидејќи се очекува комисијата за избори и именувања да ја врши селекцијата на кандидати.

Од СДСМ најавија дека новиот спикер ќе го извести претседателот Иванов за новото собраниско мнозинство.

Пред него останува и обврската да го реши проблемот со локалните избори. Политичките партии денеска одбија да коментираат дали тоа ќе биде првата негова задача.

Од СДСМ велат дека за тоа дополнително ќе информираат а од ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот дека очекуваат заедно со локалните да се одржат и ппаркаментарни избори. 

 

 

 

23.03.2017 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега