Скандал во Лондон: Новинар го нападна Ѓоковиќ, Новак му ја затвори устата засекогаш

 

Победата на Новак Ѓоковиќ над Доминик Тим во Лондон не е тема за британските новинари. Барем тоа може да се заклучи по скандалот што се случи на крајот од мечот, во кој главната улога ја зазема еден локален новинар.

Новинарот провоцирачки го нападна тенисерот дека на мечот се однесувал како исфрустриран противник и насилно мавал со рекетот, а тоа би можело да го чини многу, бидејќи можело и да повреди некого.

Ѓоковиќ на тоа реторички одговорил: „Сакате да кажете дека сум единствениот што ги покажува фрустрациите на теренот?“, на што новинарот искоментирал дека најдобриот тенисер на светот не смее да си го дозволи тоа и како може таквото однесување да биде корисно за него.

„Можеби не е корисно за мене, но и не е првпат да го правам тоа!“- луто возвратил тенисерот.

 

 

 

 

23.03.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега