Трагедија во Црна Гора: Се удави петнаесетгодишно момче
Трагедија ја потресе Црна Гора. Петнаесетгодишно момче Џ.У. од Нови Пазар се удави вчера на Големата улцињска плажа. Иако спасувачките екипи и брзата помош веднаш интервенирале, сепак за жал докторите можеле само да констатираат смрт.
Подгоричка „Побједа" пишува дека не се познати околностите под кои момчето се удавило.
Телото на малолетникот е предадено на обдукција.
ФОТО: Попара
09:50