Битолчани се едуцираа за олеснувањата во царинските постапки

 

Царинската управа на Република Македонија, АМЕРИТ, СИЗ Македонија сообраќај и Регионалната комора Битола, денеска за битолските стопанственици организираа работилница на која се дискутираше за олеснувањата во спроведувањето на царинските постапки. Воедно беа презентирани и активности на АМЕРИТ во насока на олеснување на работењето на транспортните компании како и испраќањето на електронски преддекларации.

- Царинската управа има обврска и на меѓународно ниво перманентно да соработува со бизнис заедницата бидејќи само на тој начин може да се подобри работењето и услугите што ги дава Царинската управа. Ние имаме советодавно тело формирано пред повеќе години каде партиципираат повеќе стопански комори и други асоцијации, но ние сфаќаме дека е потребно и на локално ниво директно на бизнисмените да им ги презентираме кои се новините, кои се можностите, да ги слушнеме нивните критики, пофалби, предлози... Ние презентираме кои се новините и можностите за поедноставување на царинските постапки и нивните трошоци и времето на снабдување што не се доволно искористени, а што им стојат на располагање. Ние тоа мораме да го презентираме и да го обновиме тоа што веќе било презентирано и да ги кажеме новините. Воедно, да слушнеме какви забелешки имаат тие и што се предлагаат. Досега слушнавме некои добри оценки, предлози за подобрување како за намалување на хартијата, намалување на одредени постапки и процедури, кои не се директно поврзани со самото царинење, туку со завршување на други царински постапки, изјави  директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов.

Тој појаси дека целта е да се промовираат системи кои овозможуваат значителни олеснувања, а кои се уште не се користат доволно.

- Ние и понатаму ќе продолжиме да го промовираме царинењето на самите гранични премини каде се намалуваат формалностите за внатрешни терминали, за банкарски гаранции, за дуплирање од секаков вид, за чекање на камионите. Исто така и можноста за подонесување на документи за царински преглед пред стигнување на граничниот премин, а имаме и повеќе електронски системи во функција кои се користат но според нас не доволно, поради што наша задача е да ги промовираме повеќе за да ги направиме потоа и задолжителни да елиминираме хартија и непосредни дискрециски било какви однесувања колку што е можно повеќе, рече Каргов.

Битолските стопанственици баарат локално царинење и одложена наплата.

- Битола е регија која е доста поврзана со увоз и извоз од цело стопанство и новите царински прописи не се лесни за ги следи една фирма. Секојдневно се менуваат и европската регулатива за царини се менува така што за стопанството е тешко во однос на сите тие промени, сите тие барања и прописи и бараме начин за олеснување каде што стопанството многу полесно и побрзо ќе ги врши тие царински процедури, рече претседателот на Регионалната стопанска комора – Битола, Мирко Велковски.

Комората, како што посочи тој, секогаш барала олеснување кон стопанството.

- Прво баравме и добивме царина тркало односно на самите премини да се врши царината што е брзо, и иако има мали проблеми, сепак досега стопанството е задоволно. Второ барање е локалното царинење, односно царинење во самите фирми. Тоа олеснување кое го бараме мислам дека го има во сите европски земји. Трето што ќе бараме е наплата после 40 до 60 дена на царините. Сега се плаќа дневно однапред. Со такви одложени наплати доста би се олеснило за стопанството, истакна Велковски. 

најчитано сега