Неодоливи посни сникерс бомбици
За сите на кои сникерс чоколадото им е омилено, ова е неодолив посен десерт од кој ќе ги излижете прстите.
СОСТОЈКИ:
- 100 мл вода
- 1 кеса ванилин шеќер
- 200 гр посно чоколадо за готвење
- 300 гр кикирики
- 200 гр бисквити
- 2 лажици шеќер
ПОДГОТОВКА:
- Водата, шеќерот и ванилата се ставаат на оган и се мешаат.
- Се додава пола од чоколадото, па бисквити и кикиритки. Измешајте и оставете ја смесата во ладилник.
- Направете бомбици и ставете ги неколку часа во ладилник, па извалкајте ги во останатото чоколадо кое ќе го растопите и извалкајте ги во останатите бисквити и кикиритки.
12.03.2017 - 10:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа