Ибрахимовиќ суспендиран
Фудбалската асоцијација (ФА) одлучи да го суспендира Златан Ибрахимовиќ од три натпревари, откако тој се однесуваше насилно на саботниот натпревар помеѓу Манчестер јунајтед и Бурнемут.
Напаѓачот на Манчестер јунајтед денеска доби суспензија од три натпревари, откако претходно тој и Тајрон во саботниот дуел учествуваа во меѓусебен инцидент.
Судијата Кевин Френд не ги санкционираше ниту газењето на Мингс врз главата на Ибрахимовиќ, ниту пак „реваншот“ на Ибракадабра со лакот во лицето на противничкиот дефанзивец, но членовите на Дисциплинската Комисија на ФА денеска донесоа одлуки за суспендирање на Златан Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ во едн дуел во скок го удри противничкиот играч Тајрон Мингс. Казната ја одреди ФА бидејќи Ибрахимовиќ не беше исклучен. Тој ќе ги пропушти дуелите со Челзи во ФА купот и со Мидлсброу и ВБА во Премиер лигата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа