Груевски: ДУИ нарушувајќи го принципот “победник со победник“ сака да ги прати во опозиција мнозинството Македонци кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ

Се гази врз гласот на мнозинството Македонци кои го остварија своето демократско право на парламентарните избори. ДУИ непочитувајќи и нарушувајќи го востановениот принцип- победник со победник, сака да ги прати во опозиција мнозинството Македонци кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ.

Во интервјуто за ТВ Пинк објаснува дека токму поради тоа се револтирани македонските граѓани.

-Сега се случи ситуација кога ДУИ може да одбере помеѓу победникот и поразениот кај Македонците и го одбра поразениот, а мнозинството Македонци кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ сака да ги испрати во опозиција и затоа е револтот на граѓаните, тие се револтирани поради овие причини, истакнува Груевски.

Инаку, доколку сега се случи прекршување на принципот „победник со победник“, истиот во иднина никогаш повеќе нема да важи, бидејќи победникот повеќе би добил во коалиционите разговори од вториот или третиот по ред поголем партнер, отколку што би добил од најголемиот партнер за разговори.

Платформата изготвена во Тирана која преку Зоран Заев треба да се инсталира во Македонија, за Груевски на некој начин е државен удар. Тој во интервју за Хрватската Радио Телевизија, вели дека граѓаните не гласаа за таа платформа, бидејќи тие не ни знаеја за истата пред изборите.

-Па на некој начин државен удар е кога после изборите ќе се донесе платформа во друга држава, а ќе се однесува на вашата држава, во случајот на нашата држава, Република Македонија. Кога таа платформа не е изнесена пред граѓаните на избори и кога граѓаните не се согласуваат, кога таа платформа е спротивна на Уставот на државата и кога политичарот кој што ја прифаќа таа платформа е уценет. Граѓаните не гласаа за таа платформа, тие не знаеја за таа платформа само месец или два пред изборите дека Зоран Заев ќе прифати таква платформа, и со таа платформа мнозинството Македонци ќе се однесат во опозиција со цел малцинството Македонци и мнозинството Албанци во Македонија да ја донесат таа платформа. Така гледано може да се каже дека е еден вид на државен удар, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ХРТ.

Во интервјуто, Груевски потсетува и дека партијата БЕСА јавно кажа дека платформата е под покровителство на Албанија.

-Ова што сега се прави е спротивно на Уставот на Македонија. Се оди кон бинационална држава, се занемаруваат другите етнички заедници во Македонија, како што се Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, Хрватите зошто да не? Така што сите се ставаат во една споредна позиција, а се фаворизира само една, се фаворизира албанската етничка заедница, а тоа се прави неуставно, тоа се прави без да се најави на изборите, со платформа потпишана во друга држава под покровителство на друг премиер, на премиерот Еди Рама, што вчера беше потврдено и од една од партиите која учествуваа таму, партијата БЕСА, која јавно кажа дека целата идеја и целото пишување на платформата било под покровителство на државата, Република Албанија.

 

 

 

 

06.03.2017 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега