Важни информации за утрешниот натпревар Вардар-Шкендија
Утре со почеток во 14 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, Вардар повторно ќе ја пречека Шкендија, овој пат во рамките од првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија.
И утрешниот дуел е прогласен за натпревар од висок ризик, и ќе биде организиран соогласно законот за организација на таков вид на настани.
И за овој натпревар важи забраната за присуство на гостински симпатизери, што значи дека на фановите на фудбалскиот клуб Шкендија нема да им биде дозволен влез на стадионот.
Билетарницата на источната трибина на стадионот „Филип Втори“ ќе работи утре од 10 до 13:45 часот. Билет ќе чини 100 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа