Сочувство од СМК за прераната смрт на принцот Фрисо
-Светскиот Македонски Конгрес и Македонската заедница во Холандија упатуваат искрено сочувство до холандското кралско семејство, кралицата мајка Беатрикс и холандскиот престолонаследник кралот Вилијам Александар и неговата сопруга кралицата Масима, како и до принцезата Мабел, за смртта на принцот Јохан Фрисо.
-Македонците во Холандија и во целиот свет изразуваат жалење за прераната смрт на принцот Мабел, споделувајќи ја тагата со Холанѓаните како традиционални пријатели на Македонија и на македонскиот народ во целина. Лесна му земја и Бог да го прости принцот Јохан Фрисо, стои во соопштението од СМК.