На полувреме во соблекувалната нападнат голманот на Шкендија Јовановски поради грешката
Во Шкендија тешко се поднесуваат поразите од Вардар, а инцидент имало на полувремето во соблекувалната на гостите на вчерашното дерби во Скопје, Пипшува Спортмедиа.
Имало и физички напад на голманот Марко Јовановски, кој згреши при првиот гол на Вардар. Вистина, грешката е кардинална, но тоа не е причина за атак врз 29-годишниот голман. Имало и по некоја шлаканица, а ова не е првпат да кулминира нервозата во таборот на Шкендија, по неуспесите со Вардар.
И лани во октомври, грешката на Костадин Захов, кога прими гол од слободен удар во поразот од 0:2, тетовци тешко ја „сварија“. Тогаш дел од навивачите бараа Захов да си замине, иако претходно им беше херојот во одличниот европски поход, по кој Шкендија играше во плејофот за настап во Европа Лигата.
Сега истото се бара и за Јовановски, кој долго е во Шкендија.
Тетовци имаат малку време да ја вратат самодовербата и разнишаната атмосфера, бидејќи задутре повторно му гостуваат на шампионот, овојпат во првиот полуфинален меч од националниот куп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа