Самарас бара поевтин гас од Путин

 

Грција бара подобри цени од рускиот гасен гигант „Газпром“, објави вчера весникот „Катимерини“.

 Според информациите на весникот, грчкиот премиер Андонис Самарас испратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин на крајот на јули, во кое побарал отстапка од цените на рускиот гас, увезуван во Грција, по намалувањето на цените за други европски клиенти.

Атина тврди дека купува руски гас за 30 проценти поскапо од просечното европско ниво. Намалувањето на енергетските трошоци се смета за клучно за засилување на компетитивноста на економијата на земјата.

Грчката гасна компанија ДЕПА неодамна побара од „Газпром“ намалување на цените, додава „Катимерини“. 

најчитано сега