Откриено кој ќе ја пее химната пред финалето од „ЛИМАК Купот на Македонија“
Поп-пејачката, Тамара Тодевска, ќе ја има привилегијата да го најави финалниот натпревар од „ЛИМАК Купот на Република Македонија во машката конкуренција.
Популарната пејачка ќе ја изведе националната химна на Република Македонија, во пресрет на финалето в недела (19 февруари) со почеток во 19 часот.
За Тамара Тодевска ова ќе биде второ изведување на химна пред официјален натпревар по интонирањето на химната на Република Македонија пред фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Белгија пред четири години.
Распоред на натпревари:
Четвртфинале - 17.02.2017 (петок):
13:00ч. Карпош Соколи – Вардар,
15:30ч. Фени Индустри - АВ Охрид,
18:00ч. Работнички – Куманово,
20.30ч. МЗТ Скопје Аеродром – Кожув.
Полуфинале - 18.02.2017 (сабота):
13:00ч. Бадел 1862 - МНА Кожувчанка,
15:30ч. Вардар – Пелистер,
18:00ч. Победник Работнички/Куманово - Победник Карпош соколи/Вардар,
20.30ч. Победник Фени индустри/АВ Охрид - Победник МЗТ Скопје/Кожув.
Финале - 19.02.2017 (недела):
16.00ч. Финален натпревар женска конкуренција,
19.00ч. Финален натпревар машка конкуренција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа