ФОТО: Нова провокација за Македонија на мечот ПАОК - Шалке04

 

За грчките навивачи очигледно не важат правилата. Откако 20 минути политичката провокација со транспарентот на кој пишуваше МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА И ТАА Е ТУКА стоеше на северната трибина и беше тргнат, сега тој повторно е актуелен.

Истиот транспарент подготвен само за овој натпревар на почетокот од вториот дел се појави пред најогнените навивачи на ПАОК на полуларниот „Гејт 4“. Делегатот на натпреварот Давид ДекДауел сигурно ќе го внесе во официјалниот записник, а се поставува прашање зошто по опомената натпреварот уште се игра. УЕФА има право да го прекине натпреварот заради истакнување на политички пароли, посебно по првото предупредување.

Воочи натпреварот имаше сериозни провокации и инциденти во кафуле и низ солунските улици. Неофицијално десетици „Комити“ се дел од малата група која го бодри Шалке 04 во Солун. 

 

 

 

 

 

16.02.2017 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега