ФОТО: Грчка провокација за Македонија на мечот против Шалке
Грците нема да пропуштат да испровоцираат а тоа се покажа и на вечерашниот меч меѓу ПАОК и Шалке во Солун.
Грчките навивачи извадија транспарент на кој пишување „Македонија е една и единствена и се наоѓа тука“
По 20тина минути, тие го повлекоа транспарентот.
Интересно е дека грчкиот организатор пред мечот бараше да се забрани навивачите на Шалке, кои инаку се збратимени со навивачите на Вардар, Комити, да внесуваат македонски знамиња, кои инаку се чест декор на нивната трибина, особено на натпревари со грчки тимови.
На стадионот има и 20тина македонски навивачи од Комити кои и покрај обезбедувањето и забраната за влез за Македонци, успеале да зафатат столче на трибините.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа