Пријателите на Вардар се кренаа во Солун: Навивачите на Шалке во судир со полицијата
Навивачите на Шалке кои се добри пријатели со фановите на Вардар, Комити постојано имаат и македонски знамиња на трибините. Од ПАОК порачаа за овој меч да не носат обележја од Македонија или Вардар со цел да нема инциденти, но атмосферата во Солун е нактрелизирана, а медиумите веќе јавуваат за првите проблеми.
„ЕСПН“ информира дека околу 150 навивачи на Шалке влегле во судир со полицијата во Солун. Нема пријава за повредени и уапсени по насилството.
Според грчката полиција, групата германски фанови која претходно седела во баровите и рестораните почнала да фрла пиротехнички средства и камења врз полицијата која одговорила со димни бомби.
Се очекува околу 1.400 фанови на Шалке да бидат присутни на вечерашниот натпревар кој почнува од 21:05.
16.02.2017 - 19:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа