Вардар му одржа лекција на Загреб и покажа како се игра
Македонскиот ракометен првак Вардар вчера во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го победи Загреб со 25:20 и изби на лидерското место на табелата во групата Б од елитната Лига на шампиони.
„Црвено-црните“ до седмата победа сезонава стигнаа по предноста која ја направија со „фуриозниот“ старт и серијата од 5-0. Загрепчани првиот гол го постигна на истекот од 8.минута. Вардарци потоа во неколку наврати имаа плус 6, предност со која заминаа на паузата меѓу двете полувремиња (14:8). Во 34.минута за првпат разликата отиде на седум голови (16:9). Од пет до седум голови изнесуваше предноста на Вардар во текот на целото второ полувреме, со исклучок на еден кризен период кога гостите со серија од 3-0 намалија на 21:17 во 53.минута. Сепак до крајот македонскиот шампион на дозволи изненадување како на средбата во Загреб кога испушти пет голови разлика и претрпе пораз.
Алекс Дуешбаев се истакна со седум погодоци, по четири реализации имаа Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. На голот со 11 одбрани свој удел во триумфот имаше Арпад Штербик.
Во поразениот состав најефикасен беше Добривоје Марковиќ со шест погодоци.
Цеље и Кристијаншат одигра вечерва а победа од 28:27 постигнаа гостите.
Табела:Варда 14 бода, Киелце 14, Пик Сегед 13, Рајн-Некар 13, Мешков Брест 11, Кристијанштад 6, Цеље 5, ППД Загреб 4.
12.02.2017 - 10:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа