Тасева и Малиновски најдоа процедурални грешки во Скопје 2014- ревизијата не пронајде криминал

 

Експертите кои Жерновски ги ангажираше за ревизија на проектот Скопје 2014, Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, сметаат дека има простор за кривична одговорност во проектот Скопје 2014 иако не посочија никаков криминал ниту перење пари туку набројаа само процедурални и технички пропусти во постапката. 
Малиновски и Тасева денеска излегоа со првичните резултати од 3 месечната ревизија на Скопје 2014. Тасева рече дека откриени се десетина нерегуларности, меѓу кои клучни се како што рече, неоснованото префрлање пари од сметката на централаната власт на онаа на општина Центар. Според Тасева, владата немала законска можност да финансира проекти на општината кои не се инфраструктурни. Ревизијата според Тасева утврдила и дека оопштина Центар незаконски ги градела мостовите на реката Вардар, бидејќи за тоа надлежност имал градот Скопје. 
Меѓу останатите неправилности кои според Тасева ги утврдила ревизијата, таа спомена дека спомениците се граделе без претходно општина Центар да донесе план и програма за нивна изградба, односно програмата се носела откако претходно ќе се изгласала одлука за изградба на споменици. 

Тасева и Малиновски за ангажманот заработија 10.000 евра. 

12.08.2013 - 13:32

најчитано сега