„Дојче веле“: "Врие" од смет во Албанија

 

Радиото Дојче Веле објави дека со порастот на благосостојбата во Албанија се повеќе ѓубре се фрла насекаде, дивите депонии се честа појава, а заштитниците на животната средина бараат од властите решавање на таквиот проблем.

Смет и диви депонии има насекаде и во предградијата на Тирана, на Драч и на Скадар, а Дојче Веле  како пример го наведува пристанишниот град Драч каде воопшто нема официјална депонија, па сметот од градот со над 200.000 жители завршува во полињата околу градот.

- Во последните 23 години ескалира потрошувачката во Албанија. Инфраструктурата не го следеше таквиот тренд, така што во Албанија се создава многу повеќе смет отколку што сме во состојба да го преработиме, посочи Лавдош Феруни кој се бори за зачувување на природата во Албанија, за „Дојче веле“.

Заменик-министерот за заштита на животната средина Таулант Бино тврди дека еколозите претеруваат со обвиненијата. 

13:32

најчитано сега