Трансфер бомба: Една од најдобрите светски ракометарки доаѓа во Вардар
Српската интернационалка Драга Цвијиќ пристигнува во Скопје и во наредните две сезони ќе го носи „црвено-црниот“ дрес. Условите и деталите се договорени, а потписот на Цвијиќ ќе значи огромно засилување за пивотменската позиција во составот на Вардар.
„Вардар почна да го создава тимот за следните сезони, а ангажирањето на Драгана Цвијиќ е дел од намерата екипата да добие квалитетни засилувања на секоја позиција. Верувам дека со доаѓањето на Цвијиќ во нашите редови ќе имаме уште поконкурентна екипа подготвена за високи дострели. Вардар секогаш се стреми да ги има најдобрите можни играчи во своите редови, кои ќе придонесат за остварување на зацртаните клупски цели – врвот на Европа, вели Давор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа