Јавно ја понижи поранешната девојка: Напаѓачот на Сити се одмазди на оригинален начин
Габриел Жезус во период од неколку недели е вистинска сензација во Премиер лигата. Бразилецот кој зимава од Палмеирас во Манчестер сити замина за сума од 35 милиони фунти веќе има постигнато три погодоци на последните два натпревари. Така, тој го сврте вниманието кон себе. Сепак, впечатливи беа неговите прослави по постигнувањето, а одговорот беше јасен.
„Мојата прослава по головите против Свонси беа упатени кон мојата поранешна девоја која не ми се јавуваше кога бев во Палмеирас, но, ми прати порака кога направив трансфер во сити" се зборовите на младиот напаѓач.
За потсетување, Манчестер сити во последното коло од Премиер лигата го победи Свонси со 2:1, а двата погодоци беа дело токму на Жезус кој успеа да го „седне" Агуеро на клупа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа