Нов пад на ФИФА ранкингот: Македонската репрезентација се поблиску до дното

 

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од три позиции на најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска. „Црвено-жолтите“ на февруарското рангирање се најдоа на 165.место.

Од противниците на Македонија во квалификациите за СП 2018, најдобро рангирана е Шпанија (10.место), Италија е 15-та, Албанија 55-та, Израел е на 60.место, додека Лихтенштајн се најде на 187.позиција.

Лидер е Аргентина пред Бразил и Германија. По нив во ТОП 10 следуваат: Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.

Следното рангирање Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе го изврши на 9 март.

 
 
09.02.2017 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега