Во септември Самарас повторно во посета на САД
Премиерот на Грција Андонис Самарас планира повторно да ги посети САД во септември, објави „Катимерини“. По сегашната посета на САД ова ќе биде негова втора посета за помалку од 45 денови.
Самарас за време на својата нова посета ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации и ќе има средби со членови на американскиот Сенат и Конгрес, а ќе се разговара за слободната трговија меѓу Европската унија и САД, откако Грција од почетокот на следната година го презема претседателството со Унијата.
Тема на разговор ќе бидат и прашањата за грчката економија.
Заедно со Самарас во САД ќе патува и министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.
11:51