Трансфер бомба: Несторовски заминува во шпанскиот гигант - ќе го гледаме во ЛШ
Илија Несторовски од јуни својата кариера најверојатно ја продолжува во шпанскиот гигант, Атлетико Мадрид, јавува ЕКИПА.
Наспроти бројните шпекулации изминатиов период од страна на италијанските медиуми за преселба во редовите на Наполи, и интерес од Лацио и Севилја, како што дознава ЕКИПА, македонскиот голгетер е на добар пат по крајот на сезоната да се пресели во Мадрид.
Според нашите информации, интересот на Атлетико Мадрид е актуелен неколку месеци, а деновиве е дополнително засилен по новите одлични партии на 26-годишниот Несторовски на дуелите против Наполи и Кротоне. Извонредната форма на Несторовски, и неговите досегашни девет гола во дресот на Палермо во Серија А, е првата препорака раководството на Атлетико Мадрид веќе од сега да активира преговори за осигурување на неговите услуги од јуни.
Како што е познато, во јуни од Мадрид заминуваат офанзивците Антоан Гризман, кој веќе се поизвесно се сели во Манчестер јунајтед, како и Фернандо Торес. Сето тоа носи отворен простор за ангажман на офанзивци.
Претходно, Несторовски потенцираше дека негова желба е со Палермо оваа пролет да обезбеди опстанок во Серија А, а потоа ќе размислува за евентуален трансфер.
„Останува во Палермо со желба да обезбедиме опстанок. За се друго потоа ќе размислувам“ - рече Несторовски.
Во сезоните од 2014 година до денес, Несторовски досега има постигнато вкупно 81 гол на официјален натпревар, од кои девет сезонава за Палермо и три во дресот на македонската репрезентација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа