Кире Лазаров е најдобар стрелец на Европското првенство во Франција
Кире Лазаров е најдобриот стрелец на 25.Светско првенство во Франција. Со 50 гола на шесте натпревари што ги одигра македонската репрезентација на овој мундијал, Лазаров беше недостижен за конкурентите, иако дел од нив и по три натпревари повеќе.
За македонскиот капитен кој е актуелен рекордер на европските и на светските првенства, ова е трето вакво врвно попстигнување на светските и на европските првенства. Првата голгетерска титула на големите натпревари, Лазаров ја освои на СП 2009 во Хрватска на која постави нов рекорд на ракометните мундијали со 92 погодоци од девет натпревари.Три години подоцна, на ЕП 2012 во Србија, македонскиот капитен стана и рекордер на европските шампионати по бројот на постигнати голови, завршувајќи го настапот со 61 гол.
Зад нашиот капитен на второто местои на голгетерската листа е репрезентативецот на Ангола, Авелино Лопез со 47 гола, а на делба на третото место по настапот на Норвешка во големото финале против Франција, стигна Норвежанецот Кристијан Бјорнсен со 45 гола исто колку што има и Тунижанецот Амин Банур.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа