Федерер го победи Надал и со херојска изјава ги освои симпатиите

 

Поранешниот светски тениски рекет број еден Швајцарецот Роже Федерер (35) се закити со титулата на првиот грен слем турнир сезонава. Тој во финалето, во пет сета по нешто повеќе од четири часа игра го совлада својот најголем ривал Шпанецот Рафаел Надал со 6:4, 3:6, 6:1, 3:6, 6:3.

Стариот „волк” беше пред пораз, откако Шпанецот прв направи брејк во петтиот решавачки сет, но не се предаде. Прво успеа да го врати брејкот и да израмни на 3:3, потоа го зачува сопствениот сервис и нашрави брејк во осмиот гем за 5:3, по што веќе беше јасно дека ќе се закити со титулата.

За Федерер ова е петта титула на турнирот во Мелбурн, вкупно 18. грен слем што го прави и апсолутен рекордер по бројот на титули од големите натпреваривања. Рафаел Надал , пак не успеа да ја осови својата втора титѕла на Австралија опен. Еднстевен пат кога Шпанецот триумфираше на турнирот во Мелбурн беше во 2009 година.

Вонсерискиот Федекс по мечот изјави дека е пресреќен на оваа победа и дека доколку има можност без размислување би го поделил овој пехар со Надал.

– Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите присутни тука на оваа прекрасна арена. Честитки до Рафа, тој одигра одличен турнир и уште подобар финален меч, иако подолг период беше повреден. Мислам дека ни јас ни тој не веруваме дека ќе се сретнеме овде во финалето од овој турнир. Верувајте и да загубев ќе бев среќен. Тенисот е џентелменски спорт и ако доколку ми е дозволено би го поделил овој трофеј со Рафа. Пред шест месеци не знаев дали воопшто пак ќе играм тенис, а ете денес во моите раце е овој прекрасен пехар – изјави Федерер.

 
 
29.01.2017 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега