ВИДЕО: Македонецот Блаже за четири секунди го „реши“ Хрватот во рингот

 

Блаже Дардов од Кавадарци, член на битолскиот боречки клуб Нинџуцу е новиот македонски талент во ММА.

Тој на турнирот „Муња фајтинг чемпионшип“ кој се одржа во Загреб направи потег кој ретко се гледа во оваа тешка боречка дисциплина. Блаже за четири секунди го совлада постариот и посикусен противник, Плеурат Смајли од Хрватска.

Неговите пријатели од клубот не ни стигнаа да ги вклучат камерите за да ја снимаат борбата, кога Блаже веќе го „реши“ противникот. Дури и водителот на борбите со неверување гледаше и коментираше за тоа што се случува на теренот во кафезот. Судијата само што рече дека може да почне борбата, Блаже нападна молскавично и веднаш го собори противникот.

 
Blaze-Dardov-borba-Bitola-2016

Судијата мораше и да притрча да ја прекине борбата, зашто веќе беше очигледно кој е победник. Дури и нашиот Блаже во почетокот со неверување гледаше дека всушност борбата, за која долго се подготвувал, заврши само што почна и тоа во негова корист.

Македонските нинџи, како што себе си се нарекуваат членовите на битолскиот боречки клуб, на турнирот во Загреб извојуваа две победи, а имаа и еден пораз.

-Две победи и еден пораз на Македонските Нинџи во Загреб против најсилните противници на турнирот од хрватската школа American Top Team. Квалитетно одработени трите борби на нашите борци од кои првата го имавме потегот на вечерта со нокаут во 4. секунда. Втората изгубивме на поени, а беше доста добра борба, и борбата на вечерта во која имаше најмногу атракција, боречки потези и удари и ја добивме убедливо на поени. Одиме посилно во иднина, напишаа од клубот Нинџуцу на нивната страница на Фејсбук.

 
 
24.01.2017 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега