Тринаесетгодишниот Калин Ивановски ја освои титулата на Зимското Првенство за тенис
Надежта на македонскиот тенис, неверојатно талентираниот 13-годишен Калин Ивановски ја освои титулата на Зимското отворено првенство на Македонија до 14 години.
Првенството викендов се оддржуваше на терените на ТК Југ во Скопје.
За потсетување, Ивановски е еден од нашите најталентирани млади тенисери. Тој го освои и „Тен Про“ турнирот во Ница, во организација на „Муратоглу“ академијата на долгогодишниот ментор на Серена Вилијамс, Французинот Патрик Муратоглу, пренесе Македонски Спорт.
24.01.2017 - 08:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа