Вујовиќ: Македонија има ракометна иднина, Червар внесе позитивни промени

 

Ракометната репрезентација на Словенија со победата над Русија обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство во Франција, каде ќе се сретне со Катар, кој го направи најголемото изненадување во осминафиналето, совладувајќи го големиот фаворит, Германија.

Селекторот, Веселин Вујовиќ, за специјализирaниот интеренет портал „Балкан-хендбoл“ покрај тоа што говореше за очекувањата од мечот против Катар, зборуваше и за успехот на балканските земји на овој собир.

– Балканските репрезентации докажаа дека на оваа територија сè уште се игра ракомет на високо ниво. Словенија и Хрватска се четвртфиналисти, а мислам дека и Македонија остави одличен впечаток и најави одлични резултати во иднина. Работата на Лино Червар е очигледна, тој воведе многу позитивни промени , вели Вујовиќ.

Македонија ова Светско првенство го заврши на 13-тата позиција, со скор од две победи, едно реми и три порази.

 
 
23.01.2017 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега