Лазаров најдобар стрелец по осминафиналната фаза на СП
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров останува најефикасен играч и по осминафиналните пресметки на Мундијалот во Франција.
Лазаров има вкупно 50 голови и е предводник на листата на стрелците исто како што беше и по групната фаза.
Најблиску до Лазаров се Амин Банур од Тунис со 44 погодоци, и Серџо Лопес од Ангола со 42.
Од репрезентациите кои што минаа во четвртфиналето најмногу погодоци има Швеѓанецот Никлас Екберг - 39 погодоци, Велро Ривера постигна 34, Јери Толбринг исто така 34, Кристијан Бјорнсен од Норвешка досега запишал 32 реализации.
Утре во четвртфиналето ќе играат:
Норвешка – Унгарија (17 часот),
Франција - Шведска (19 ч.),
Словенија – Катар (20:45 ч.) и
Шпанија – Хрватска (20:45 ч.).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа