Лазаров се огласи по поразот
Најдобриот ракометар во првата фаза на Светското ракометно првенство Кире Лазаров причината за денешниот висок пораз од Норвешка (24:34) во осминафиналето ја гледа во хендикепот со повредите на Филип Миркуловски и Дејан Манасков.
– Друга ќе беше сликата да бевме комплетни. Да беа Деки и Жути ќе имавме поголеми шанси. Во првото полувреме дадовме добар отпор, игравме добро, но промашивме многу зицери. Тоа е што е. Нема што да жалиме. Сигурен сум дека ако бевме комплетни ќе бевме подобри. Норвешка е репрезентација од светскиот врв. Промашивме зицери. Сега треба добро да се анализира, стручниот штаб ја има таа работа. Се надевам дека следува ЕП во Хрватска за нас. Се надевам дека ќе се пласираме таму иако нема да биде воопшто лесно. Но, малку да ги оладиме главите и да преспиеме, па ќе видиме. Завршивме како трети во тотално тешка група, игравме добро против Шпанија, имавме само ден пауза, па овој тежок меч со Норвешка. Немавме ширина едноставно, па дојдоа и повредите. Штета, изјави капитенот Лазаров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа